Непознато лице пуштило солзавец во тоалет во училиште во Боргентрајх, во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија, при што биле повредени 40 деца, од кои 12 биле пренресени во болница, јавува „Билд“.
Полицијата го добила повикот во понеделникот наутро, откако неколку ученици веднаш се пожалиле на отежнато дишење и гадење.
Околу 130 спасувачи пристигнале во голем број, а исто така слетале и спасувачки хеликоптери во дворот на училиштето. Лекарите од итната помош им пружиле помош на лице место, а исто така имало и доктор за психолошка поддршка.
Дванаесет деца биле пренсени во болница. Според „Билд“ тоа се ученици од 8-мо и 9-то одделение.
Веднаш по спасувачката акција, полицијата започна истрага. Веднаш идентификуваа двајца осомничени. Се тврди дека користеле спреј против животни во училишниот тоалет. Дали станува збор за ученици од училиштето или трети лица, ќе утврди истрагата.