По улиците на Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија, градови од Повардарската Епархија на МПЦ, денеска се одржуваа литии за престанок на коронавирусот.
Свештеници качени на возила, ги попрскуваа улуците со света вода.
„Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Митрополитот Повардарски Владиката Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Владиката Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни црквa“, стои на официјалната страница на Повардарска епархија МПЦ- ОА.
