Со трактор им фрлаат отпад пред зградите – дали решение на проблемот е само замена на контејнерите?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите од двете кули во населбата „Мирче Ацев“ во Тетово мака мачат со отпадот пред нивната зграда. Тие се жалат дека жителите од другите населби и села доаѓаат и фрлаат отпад пред зградата каде се наоѓа контејнер за отпад од 5 тони. Според жителите општината треба да најде решение и покрај тоа што се жалеле веќе неколку пати, но до сега нема никакво решение. Во моментот кога Јавното Претпријатие ќе го исчисти тоа, отпад се фрла и на земја, може да се најдат фрлени теписи, мебел и шут. Велат дека ова не е единствен проблем бидејќи кога врне вода излегува од канализацијата и се собира пред влезот од зградата.

Од Јавното општинско претпријатие велат дека ќе остварат средба со жителите и заедно ќе се обидат да најдат решение за отпадот, а што се однесува до канализацијата, со истекување на вонредната состојба ќе може да се најде решение, бидејќи според директорот Џељал Цека каналот во овој дел е парцела без сопственик.

„Ние баравме да најдат друга локација и да испратиме контејнер за отпад од еден тон во близина на зградата и да го користат граѓаните од таа зграда“, истакна Џељал Цека.

Ист проблем има и кај православните гробишта како и во некои периферни делови од градот каде граѓаните фрлаат шут и стар мебел. Оваа ситуација е последица од немањето депонија за цврст отпад која неколку пати досега беше ветена, но до ден денеска ништо од тоа.