Со вотка исчистете го душекот, со кромид скарата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Често сте слушнале дека покрај со хигиенски средства, одредени работи можете да исчистите и со пијалоци или со храна. И не само за чистење, туку може да употребите храна за други работи низ домот.

Еве некои од нив:

  1. Кромид одлично ја чисти скарата – земете пола црвен кромид и поминете по решетката од скарата. Така ќе ја дезинфицирате решетката и ќе остане чиста за следниот пат
  2. Блендерот се чисти сам од себе – само наполнете го блендерот со топла вода, една капка од детергент за садови и вклучете го. Потоа исперете го со чиста вода
  3. Со леб може да собирате искршено стакло – доколку ви се случи да ви се скрши стакло низ домот, само земете едно парче леб и соберете го
  4. Кожниот мебел се чисти со боја за чевли
  5. Исчистете го душекот со вотка – земете вотка и ставете во шише со распрскувач и испрскајте го креветот, и оставете душекот да се исуши. Алкохолот ќе го неутрализира мирисот кој ги предизвикува бактериите
  6. Со цитрон можете да го исчистите бигорот од кадата.
  7. Сунгерот може да го исчистите такашто ќе го ставите во машина за перење садови
  8. Креда може да ви послужи како средство за отстранување на дамки по облеката
  9. Со пегла може да ги отстраните дамките од тепихот. Само попрскајте малку вода по дамката, и со загреана пегла и со влажна крпа, ќе ги отстраните нечистотиите