Со воз од Скопје до Велес – поинаков ден за децата со даунов синдром

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е нивното прво патување со воз.

Не можеа да ја сокријат радоста на нивните лица!
Децата со даунов синдром од Скопје отпатуваа во Велес, а целиот пат го поминаа пеејќи и играјќи.

-Колку години имаш?
-7.
-Каде одиш?
-„Ту, ту“.
-Со што патуваш?
-Со воз.
-Знаеш ли каде одиш?
-Да.
-Каде?
-Во Велес.

Зборуваа и за нивните професии од соништата…

Кога пристигнаа, веднаш почнаа да се фотографираат!

Не изостанаа ниту игрите кај детското катче.

Директорот на Центарот за социјална работа, Љиридон Бафтији, смета дека патувањето со воз е вистински потег, бидејќи, како што вели, овие деца не патуваат често надвор од градот.

„Имајќи предвид дека нивната радост е голема ако ги однесеме вон градот и ги прошетаме, заедно со директорот на „Железници“, г.Мајан Весели покренавме иницијатива да ги испратиме со воз во Велес, поради тоа што мислевме дека треба да се дружат меѓу себе, а и процесот на инклузија е заокружен со овој гест“, вели Љиридон Бафтији.

Центарот за социјална работа-Скопје во иднина планира да организира и други слични патувања, но во подалечни градови.