Собранието го избра Фатон Сељами за Народен правобранител

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната 65. седница Собранието на Република Северна Македонија го потврди изборот на Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.

За неговиот избор гласаа 89 пратеници, шест беа „против“, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 гласаа „за“, додека осум гласаа „против“.

Сељами е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит. Со изборот, тој ќе ја наследи функцијата задолжена за заштита на човековите права и слободи.