Собранието ги усвои трите главни закони, Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за професионален развој и обука на административните службеници. Законот за висок менаџерски сервис, Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за воспоставување на систем на плати во јавниот сектор, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ги нарекува нова пакетa на реформски закони.
„Овие закони ќе донесат структура, стабилност и дополнителна предвидливост во управувањето со јавната администрација, ќе обезбедат поголема одговорност на раководниот кадар и ќе придонесат за праведен и одржлив систем на плати базиран на принципот „еднаква работа – еднаква плата“, рече Минчев.
На прашањето дали ќе се намалат платите во јавниот сектор, Минчев увери дека платите нема да се намалат, но додаде дека постојат вработени кои земаат плата за околу 80-100% повисока од останатите вработени на иста позиција. Тој рече дека со овие законски реформи ќе се сопре процесот на независно зголемување на платите, со цел да се запре зголемувањето кај оние што земаат повеќе, а да се зголеми платата на оние што земаат помалку.

„Ве уверувам одговорно дека платите нема да се намалат. Заради вистината, мора да бидеме искрени за една работа. Зборуваме за регулаторни органи и за некои служби на одредени институции кои себеси се нарекуваат независни, што е вистина. Зборуваме за бројка од околу 1.500 вработени, кои земаат поединечно 40-60% повисока плата од 115.000 други вработени во јавниот сектор.“, рече Минчев.
Минчев се обврза дека министерството останува посветено на имплементацијата на новите закони, со подготовка на подзаконски акти и постојана поддршка за процесот на изградба на јавна администрација според европските стандарди.
