Бугарското Министерство за надворешни работи денес ја осуди изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, кој кажа дека Романија и Бугарија придонеле за тензиите што доведоа до војната во Украина со поставување американски бази на нивна територија.
Путин го изјави ова во документарниот филм „Русија, Кремљ, Путин, 25 години“, пренесува Еурактив.
„Обидите на Руската Федерација да ја префрли одговорноста за почетокот на нелегалната и неиспровоцирана војна во Украина врз други земји, вклучително и Бугарија, се целосно неприфатливи и претставуваат груба манипулација со фактите“, се вели во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.
