Сојот на коронавирус кој „коси“ во Индија, стигна во Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индискиот сој кој што „коси“ во таа земја, е откриена во Белгија кај група студенти кои стигнале од Париз, соопштија белгиските власти.

Групата од 20 студенти е сместена во карантин на северот на Белгија.

Неколку стручњаци сметаат дека можеби биле жртви на „супер-заразен“ член на нивната група или друг патник во автобусот, кој од Париз ги довел во Белгија.

„Овие студенти го почитуваат строгиот карантин од своето доаѓање. Од 43 студенти, 20 се заразени со индискиот сој“, напиша на „Твитер“ микробиологот Емануел Андре од католичкиот универзитет во Лувен.

Групата слетала во Париз на 12 април. Неколку од нив почнале да имаат симтпоми неколку дена подоцна. Варијантата на индискиот сој веќе се појавила во САД, Австралија, Израел и Сингапур.

Во Иднија во моментов се регистрираат преку 300 илјади случаи на инфицирање, а мртвите се бројат во илјади. Болниците се полни, во некои од нив нема кислород, нема медицински персонал.