Сојузот на музички здруженија: Договорена повторна финансика помош, Премиерот се согласи дека на народот му треба музика за да се враќа во нормала

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сојузот на музички здруженија информираше дека неделава биле остварени средби со високи претставници како премиерот Зоран Заев и министерот Фатмир Битиќи, и координаторот за култура Роберт Алаѓазовски, на што било договорено музичарите да бидат опфатени во новата финансиска помош. Исто така неофицијално добиле информација од Премиерот дека по Велигден ќе се олабавуваат мерките, и музичарите ќе може да почнат со настапи.

„Почитувани, сакаме да ве известиме дека оваа недела претставниците на Сојузот на музички здруженија реализираа две средби со високи државни претставници, поточно со Премиерот на РС Македонија Зоран Заев, Вицепремиерот Фатмир Битиќи и неговиот шеф на кабинет и Националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски. На средбите се разговараше за повторна финансиска помош на музичките уметници кои се регистрирани во здруженијата на Сојузот, како и за идните процеси потребни за унапредување на целокупната забавувачка музичка индустрија.

Средбите поминаа во најдобар ред, наидовме на потполно разбирање од страна на државата и сме во очекување на следната финансиска помош која би ги опфатила само оние членови на здруженијата кои НЕ СЕ ВО РАБОТЕН ОДНОС И НЕ ПРИМААТ НИКАКВА ДРУГА ПОМОШ, како што е на пример социјалната помош од државата, бидејќи тие веќе примаат помош од државата секој месец.

Списоците за сите членови од сите здруженија веќе ги имаме, но доколку кај некого има потреба од дополнителни податоци или информации, ќе ве контактираме ние.

Друга важна информација, која за сега е сеуште неофицијална, е дека после Велигден се очекува да се олабават мерките за настапи, со што ќе може полека да се почне со работа, бидејќи како што и самиот Премиер се согласи, на народот му е многу потребна музиката за да почне полека да се олабавува и да се враќа во нормала после овој тежок период кој сите заедно го поминуваме последнава година. Ве молиме за трпение и да се воздржите од прашањата `кога` и `како`, бидејќи за сите процеси да се комплетираат е потребно време. ЗЕУМ ви посакува убав ден на сите!“, се вели во соопштението на ЗЕУМ.

Почитувани, сакаме да ве известиме дека оваа недела претставниците на Сојузот на музички здруженија реализираа две…

Posted by Здружение На Естрадни Уметници on Friday, March 19, 2021