Сојузот на стопански комори предупредува: „На домашната економија ѝ се заканува цунами“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На македонската економија ѝ се заканува енергетско цунами, предупредуваат од Сојуз на стопански комори на Македонија. Од таму велат дека додека нашите компании плаќаат цени за електрична енергија кои се поставени на отворен пазар, а кои се движат од 600 до 700 евра за мегават час, во околните земји компаниите плаќаат значително поевтина струја по цена од 50, 80 или 100 евра за мегават час. Претседателот на ССК, Трајан Ангелоски изјави дека цените на отворен пазар се вон контрола и побара Владата итно да реагира.

Ангелоски додава дека е повеќе од потребно да се овозможат побрзи процедури за инсталирање на фотоволтаици. ССК вели дека ЕВН треба да даде енергетска согласност во рок од седум до десет дена.

Од ССК оценија дека енергетската криза ќе потрае и побараа државата ако треба и да се задолжи за да помогне.
Предлозите и препораките за справување со последиците од енергетската криза, ССК писмено ќе ги достави до Владата во наредните денови.