Сомнителна смрт: Руски тајкун паднал од 10 спрат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот тајкун Михаил Рогачев, поранешен потпретседател за корпоративно управување на нафтената компанија Јукос, беше пронајден мртов во Москва. Телото било пронајдено во саботата наутро во дворот на зградата каде што живеел. Рогачев наводно скокнал од прозорецот. Околностите на смртта се уште се истражуваат, но наведува дека станува збор за самоубиство, јавуваат руските медиуми.

Вработен во руската разузнавачка служба (СВР) го пронашол телото на 64-годишниот Рогачев во дворот на стан на десетти кат додека го шетал миленичето на својот шеф. Според локалните извештаи, Рогачев паднал од височина од 30 метри низ прозорецот и починал. Неколку московски медиуми тврдат дека Рогачев боледувал од „тешка форма на рак“. Во станот е пронајдено и наводно проштално писмо во кое ги пцуе лекарите и ги испраќа последните поздрави до сопругата. Тој и испратил СМС порака на својата сестра во која се пожалил дека не се чувствува добро.

Но, тие тврдења беа демантирани од неговите блиски роднини на каналот Телеграм.

Тврдат дека бил во добро ментално здравје и дека пред смртта не покажувал знаци дека сака да се самоубие. Рогачев и „појадувал со роднините, бил расположен, а потоа неговото тело било пронајдено под прозорецот од неговиот дом“.