Сончево и многу топло, температури до 40 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Минималната
температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.