Сончево и топло – максималните температури од 32 до 39 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 39 степени. Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ=9.

Во Скопје, сончево со мала облачност попладне. Ќе дува слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.