Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина од 60 km/h. Температурите низ земјава ќе се движат од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 33 степени.
