Сончево и топло со мала до умерена облачност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, а во четврток на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.