Сончево и топло – температурите до 25 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што краткотрајно ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи.  Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, југоисточен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.