Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ= 7
Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне 32 степени.
Следува период со доста сончево време, со повисока температура и со услови за изолирана нестабилност во четврток и на почетокот на викендот.
