Сончево и топло утре – од недела дожд и опаѓање на температурите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Времето утре ќе биде сончево и топло. Во сабота ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени, информираат од УХМР.