Сончево со мала до умерена локална облачност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наутро постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.

Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.