Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).
