Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 27 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
