Сончево со мала до умерена облачност – температурите до 21 степен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 13 до 21 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Од петок следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи. Во недела се очекува опаѓање на дневните температури.