Сончево со мала локална облачност и потопло

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со мала локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Следува период на потопло време, а значително затоплување се очекува од средината на следната седмица. Во почетокот на седмицата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.