Сончево со мала облачност и силен ветер во одредени делови, температури до 35 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.