Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено утре и кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник и среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка.
