Сообраќајка на патот Гостивар – Кичево, повредени четири лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 27.07.2021 во 03.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со италијански национални ознаки, управувано од А.У.(40) од с.Теарце, тетовско и товарно возило „фиат дукато“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(48) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило. Н.И.(35) од Тетово, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од товарното возило Ш.К.(54) од с.Здуње, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.