Вечерва се случила сообраќајна незгода на скопската обиколница, кај клучката Мирковци. АМСМ инфомираше дека поради случената сообраќајка, сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта.
„На 05.05.2020 година од 19:30 часот, на автопатот А-4 во правец од Тетово кон Велес, кај клучка Мирковци, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта.“, соопштија од АМСМ.
