Сообраќајна несреќа се случила вечерва во центарот на Скопје, кај Соборниот храм, односно на аголот меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“.
Повеќе возила се судриле, додека пак едно од возилата удрило и во споменикот на Св. Климент Охридски
На терен е полиција која го регулира сообраќајот, а има и возило на Брзата помош.
Според информациите на терен, повредено е 20-годишно момче на кое медицинска помош му била укажана на самото место.
Според сведоците на несреќата, момчето лежело неподвижно.
Поради врнежливото време, улиците низ градот се лизгави, а градските служби препорачуваат внимателно возење.
ФОТО: Курир.мк
