Сообраќајна несреќа меѓу возило и моторцикл во Скопје – повредени две лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 10.05.2021 во 14.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Беласица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хjундаи“, управувано од М.А.(52) од Скопје и мотоцикл „КТМ“, управувано од М.К.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Аџибадем Систина“.

Со телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.