На 12.12.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа соренто“, управувано од Н.Ј.(43) од с.Праленик, општина Центар Жупа и патничко возило „форд фокус“, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.(21) од с.Новак, општина Центар Жупа, сопатничка во возилото „киа соренто“, констатирани во Општата болница во Дебар.
Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од с.Праленик, како и две малолетни лица од Дебар, сопатници во возилото „форд фокус“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Дебар.
