Од 12:00 часот денеска, граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, информира Автомотосојузот на Македонија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, со претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.
Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои опасност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
За повеќе информации, возачите можат да се информираат на официјалниот веб-сајт на АМСМ.
