Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше повреден вчера во Куманово. Постојат сомневања дека е поврзана со обидот за атентат врз нејзиниот сопруг, Зекирја Шаини.
-А.А. (43) од Тетово е лишена од слобода, поради основано сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, Липковско. Во врска со инцидентот, на разговор се повикани 6 лица, додека куќата на Б.С. (50) од Куманово, со судска наредба, е претресена. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна тужба против А.А., додека кривична тужба ќе биде поднесена и против Л.Ф. (36) од Гостивар, кој е осомничен за обид за убиство и сè уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, велат од МВР.
Во полицискиот извештај не се дадени повеќе детали за мотивите поради кои сопругата би го елиминирала својот сопруг.
Пулмологот, Шаини, е и носител на листата на НАИ за општинскиот совет на Липково, но дека четирите куршуми што ги добил во телото не биле од никаква политичка мотивација, потврди самиот доктор Шаини преку статус на Фејсбук.
-Вчера бев нападнат од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам одмазда кон никого, ниту пак сум допрел до нечие семејство или чест – за ова го имам само Бог како сведок. Во период сме на изборна кампања, но не сакам овој настан да добие политички призвук. Немам политички непријателства со никого. Ги молам органите за спроведување на законот што е можно поскоро да го расветлат овој случај, вели Шаини.
Шаини вчера беше повреден додека возеше во центарот на Куманово.
Маскираниот напаѓач се приближи до возилото во движење и пукаше во него, ранувајќи го во десното колено и левата подлактица. Шаини првично беше однесен во кумановската болница, а потоа на скопските клиники, каде што му беше укажана лекарска помош. Денес беше пуштен на домашно лекување.