Соработничка на Трамп загина во сообраќајна несреќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Софија Хачинс (29), активистка и соработнички на Доналд Трамп во претседателската кампања, загина во сообраќајна несреќа во Малибу.

Софија Хачинс е долгогодишната пријателка на Кејтлин Џенер, поранешна соработничка на Доналд Трамп и активистка, го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила веднаш до куќата на Кејтлин, ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up“, во Малибу, објави „Њујорк пост“.

Софија, 29, возела четирицикл во близина на домот на Кејтлин Џенер кога се судрила со автомобил во движење, по што нејзиното возило излетало од патот и паднало во провалија. Таа починала на самото место, а никој друг не бил повреден во несреќата.

Хачинс имаше фотографија на својот Инстаграм профил со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого претходно соработуваше.