Папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, е стабилен, што го потврдува напредокот во лекувањето што е постигнат во текот на неделата, соопштија денеска неговите лекари.
„Оксигенската терапија со висок проток продолжува, прогресивно намалувајќи ја потребата за неинвазивна механичка вентилација во текот на ноќните часови“, додаваат лекарите.
Тие изјавија дека на папата сè уште му е потребно болничко лекување, заедно со моторна и респираторна физиотерапија, што, како што тврдат, резултира со постепено подобрување на здравствената состојба на римокатоличкиот поглавар, пишува Ватикан Њус.
