Состојбата со обилните врнежи низ Македонија е стабилизирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана.

Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање.

Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен.

Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање.

Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Струмица, Тетово и Куманово нема пријави за нарушување на редовната состојба и нема излевања на реките.

Сите региони се во стабилна состојба.