Сотироски испрати честитка во пресрет на рамазанските пости

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реисул Улема хаџи хфз. Шаќир еф. Фетаи, Рејасетот и верниците, по повод почетокот на светиот месец Рамазан.

-Големиот рамазански пост е секогаш време за лично внатрешно чистење, време за мир, проникнување во својата природа и верба, но и време за солидарност и хуманост.

Дозволете да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан со искрени желби за лесни пости, како и за безгрижни денови исполнети со здравје во Вашите се-мејства.

Вирусот е за жал се уште изразен непријател на нашите традиционални манифе-стации, пандемијата ги одзема секојдневно животите на многу наши сограѓани. Во вак-ви околности значајно е да се штитиме себеси, но и животите на ближните. Оттаму из-бегнувањето на собирите и почитувањето на мерките во овие празнични денови ќе би-де значаен придонес кон стабилизација на пандемиската состојба, стои во честитката од директорот Сотироски.