Советот на Европа разгледува санкции против Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на Европа денеска соопшти дека ќе разгледа санкции против Русија поради нападот на Москва против Украина.

Советот, чии членки се и Русија и Украина, нагласи дека постојаните претставници на нејзините 47 земји-членки ќе се состанат утре за да ги испитаат „мерките што треба да се преземат како одговор на сериозното кршење“ на своите обврски од страна на Русија.