Во вториот денешен натпревар на Светското првенство во Катар, Мароко ја победи Белгија со 2:0.
Сабири во 73. минута и Абукхлал во 90+2. минута се стрелците на головите за мароканскиот национален тим.
За Мароко ова е прва победа на Мундијалот по која значително се доближи до плејофот, додека Белгија ќе мора да брка победа во последното коло со Хрватска.
Хрватите од 17 часот ќе се сретнат со Канада.
Limbs. 🇲🇦 pic.twitter.com/4hOeIL7NlB
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 27, 2022
