СП2022: Костарика ја совлада Јапонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Костарика триумфираше попладнево над Јапонија со 1-0 (0-0) во рамки на воведниот натпревар од второто коло во групата Е на Светското првенство во Катар.

Костарика, која во првото коло претрпе катастрофален пораз од Шпанија (7-0), ја забележа првата победа на Мундијалот со гол во финишот на натпреварот во Ал Рајан.

Стрелец на победоносниот гол беше Кејшер Фулер во 81 минута.

Второто коло во групата Е ќе биде комплетирано до дуелот меѓу Шпанија и Германија, која во првото коло загуби од Јапонија с-2-1.