СП2022: Моријасу останува јапонски селектор до 2024

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поразот на Јапонија од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство во Катар нема да влијае врз судбината на Хајиме Моријасу на селекторската клупа и тој ќе продолжи да ја предводи јапонската репрезентација, јавија денеска локалните медиуми.

Според истите извори, 54-годишниот Моријасу ќе ја продолжи соработката со Фудбалската федерација на Јапонија најмалку до 2024 година.

Јапонското фудбалско раководство е задоволно од настапите на репрезентацијата на Мундијалот во Катар на кое беа елиминирани на пенали од Хрватска во вчерашниот осминафинален дуел.

Моријасу е на чело на јапонската репрезентација од 2018, а следната година беше азиски вицешампион.

Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу им се поклони на навивачите за да им се заблагодари за поддршката која репрезентацијата ја доби за време на нивните настапи на овој Мундијал.

Во стилот на традицијата, Јапонците достоинствено се простуваат од мундијалските настапи во Катар.