По пауза од два натпреварa поради повреда, Нејмар се враќа во составот на Бразил и вечерва ќе го предводи нападот на Кариоките на осминафиналниот дуел против Јужна Кореја на Светското првенство во Катар.
Нејмар го повреди десниот скочен зглоб на натпреварот против Србија во првото коло од групната фаза по што ги пропушти следните два дуелa против Швајцарија и Камерун.
✋😛🤚 pic.twitter.com/fVPrPkRwfL
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 5, 2022
Дуелот меѓу Бразил и Јужна Кореја почнува од 20 часот на стадионот „974“ во Доха.
Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра против Хрватска, која претходно денеска на пенали ја совлада Јапонија.
