Професорот Александар Спасеновски е еден од трите гости во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва. Покрај него, тука се и професорот Љубомир Фрчковски и пратеникот Илија Димовски. Дебатираме на темата „Имаа ли иднина либералните вредности во Македонија?“
Спасеновски кажа дека Македонија е екстремно поларизирано општество.
„Основата според мое длабоко уверување е дека Македонија е есктремно поларизирано општество. Политичката поларизација е далеку поголема од меѓуетничката, која во еден момент беше доминантна во нашата држава. И во голема мера тоа има влијание на функционирањето на институциите во нашата држава. Мора да бидеме искрени во изминатите 30 години, со мали исклучоци, факт е дека оваа држава повеќе одговараше на иделошките светогледи на луѓето кои припаѓаат на политичката левица.“, рече Спасеновски.
