Спасовски: Нека ни е со среќа членството во НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров на која главен акцент беше ставен на официјалното членство во НАТО кое се случи вчера.

„По претходни консултации одлучивме да ја одржиме и оваа прес-конференција во која ќе го одбележиме членството на НАТО, кое е многу важен чин за Северна Македонија. Дури и во овие денови на тешки и сериозни предизвици, овој чин заслужува честитки. Ова е голем чин за нас и во моментите за идните поколенија. Нашата земја е 30. членка на НАТО. Денеска со полно право може да бидете горди. Како членка на НАТО, нашата земја станува полноправен член во Евро-атлантското семејство. Ние сме дел од ова моќно семејство. Како дел од безбедносен штит, Северна Македонија станува фактор на стабилност во регионот, извозник на безбедност, земја во која граѓаните и децата ќе имаат сигурна иднина. Денеска НАТО го потврдува тоа. Веруваме дека членството во НАТО ќе помогне и во остварување на нашата втора страшка цел, а тоа е членство во ЕУ. Нека ни е со среќа членството во НАТО“, изјави Спасовски.