Спасовски: Нема драстично зголемување на невработеноста, работниците да не потпишуваат спогодбени раскини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот на техничката влада Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти нови економски мерки, и напомена дека невработеноста во нашата земја не е драстично зголемена.

„Бројката на невработени не отскоскнува драстично, не е состојбата така како што некој сака да се прикаже. Сакам да упатам апел до работниците, да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа. Државата помага многу на работниците, прави се да ги задржат работните места, а мора и тие да помогнат, и да не потпишуваат спогодбени откази. Има закон кој ги штити, и има две опции кои може да бидат надвор од работните места.

Самите да се штитат, но апел и до работодовачите, да бидат солидарни, да земат дел од товарот. Државата ќе помогне, со цел да ги сочуваме компаниите, вработените… Солидарност и сите заедно да го понесеме товарот.

Има отпуштања, но има и нововработени и враќања на работни места. Сите компании прават калкулации, затоа што некој сака да добие од оваа криза. А, треба да мислиме обратно, дека треба да изгуби од оваа криза. Дури и угостителите и туризам имаа можност да помогнат во еден сегмент, а во месеците во април и мај ќе може да ги користат поволностите.

Не можеме точно да кажеме со брјка, тоа се менува на дневна основа, но немаме никакви драстични зголемувања на невработеноста“, рече Спасовски.