Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција посочи и парична поддршка за младите до 6.000 денари, Платежна домашна картичка од 3.000 денари и ваучери за кофинансирање за ИТ и дигитални вештини.
„Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6.000 денари кои може да покријат партиципација на факултет, сместување во студенстски капацитет, а студентите ќе добијат и картичка од 3000 денари кои ќе можат да ги искористат за домашните производи. За младите ќе бидат доделени и ваучери од 30.000 денари средства за обуки за ИТ вештини“, истакна Спасовски.
