Спасовски: Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите истакна дека пет лица се приведени синоќа во врска со исчезнувањето на 14-годишната Вања.

„Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возило со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај“, изјави Спасовски.

Инаку, денеска е шести ден од потрагата по девојчето.

Таа исчезна во понеделникот, кога околу 7.30 часот излегла од својот дом во близина на Градскиот парк за да оди на училиште. Мајката го пријави исчезнувањето еден час подоцна, откако класниот раководител ѝ јавил дека девојчето не е стигнато на училиште.

Во потрагата се вклучени и Интерпол, a МВР формираше и стручен штаб.