Премиерот Оливер Спасовски денеска го потврди продолжувањето на полицискиот час, односно истиот ќе трае од 16 часот до 05 часот следниот ден, а во викендите 24 часа. Премиерот рече дека заканата е страшна и радикална, и затоа се потребни порадикални мерки во овој, како што рече, клучен период.
„На секој од нас му е јасно дека нашето живеење е целосо променето. живееме во време на пандемија каква не сме виделе. Светот се бори со невидлив непријател, кој зема огромен број на жртви. Ниту една земја не успева да се справи со овој проблем. Вирусот не бира кого ќе нападне, и никој не е заштитен ниту поштеден. Светот веќе брои над 1,2 милиони заболени, а последиците по економиите и општествата не се пресметуваат.
Ние навреме го вклучивме алармот, и постепено воведувавме мерки со кои го успоривме ширењето на вирусот. Подгтовени го дочекавме првиот налет, и успеавме да го амортиризраме ударот врз нашиот систем.
Нашиот највисок и постојан приоритет е да ги заштитиме граѓните и колективното здравје, и да го минимазираме негативното влијание врз економијата. Следејќи го примерот на другите земји, пред нас уште очекувавме и најавивме дека ќе влеземе во фаза во која епидемијата ќе го смени својот тек, а бројот на заразени ќе прогресира.
Голем дел ќе ја минат болеста со лесни симптоми, но на некои ќе им треба болничко чекување. За жал, ќе има и други кои ќе ја загубат битката. Овие информации се најмалку посакувани, е многу тешко и дасе кажат и да се примат, тоа се тешки моменти за секого, но неизбежни за ситуацијата. Секој од нас би сакал да знае кога сево ова ќе заврши, но на ова прашање ниту светот ниту ние немаме одговор.
Секој еден од нас мора да даде максимален придонес во критичната фаза да ја минеме со најмали можни штети. На крајот ќе го сопреме непријателот, но оваа битка ќе трае. Само заедно можеме да ја намалиме силата на непријателот. Од секој еден од нас зависи колку и со колкав интензитет ќе војуваме.
Треба да бидеме чесни и искрени. Го немаме минато најлошото. Наредните 2-3 недели ќе го достигнеме пикот на бројот на заразени од коронавирусот, ќе биде меѓу 2000 и 2500 потврдени. Но, подобро е да се подготвуваме за повеќе, а да бидат помалку, отколку обратно.
Заканата е страшна, радикална. Затоа и нашето однесување на секој од нас мора да биде и радикално и многу поразлично од сега. Владата на Северна Македонија на предлог на комисијата на заразни болести и генералниот кризен штаб денеска донесе дополнување на забраната за движење на територијата на целата држава, односно за продолжување. Поточно се забранува движење на сите граѓани на ниво на цела територија од понеделник до петок од 16 часот до 05 часот наредниот ден. За време на викендот се забранува движење од петок 16 часот, до 5 часот понеделник на цела територија. Овие мерки стапуваат во сила од среда“, рече Спасовски.
