Спасувачите извлекоа три лица од под урнатините – дете 296 часа и пркосеше на смртта, но за жал почина на пат кон болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица, меѓу кои и 12 годишно едно дете, по повеќе од 296 часа од разорниот земјотрес, денеска беа спасени од под урнатините во јужната турска провинција, Хатај.

Детето кое беше пренесено во болница, и покрај долгото пркосење на смртта, сепак им подлегна на повредите.

Илјадници лица се спасени под урнатините во изминатите денови. Турските спасувачки екипи со помош на голем број на спасувачи и волонтери од целиот свет, како и од Македонија, успеаја да спасат голем број на животи.

Еден од оние кои го преживеал катастрофалниот земјотрес и бил извлече од под урнатините е 17-годишниот Таха Ердем. Раскажува дека тој и неговото семејство спиеле кога земјотресот со јачина од 7.8 степени го погоди нивното родно место Адијаман.

Зградата се урна за помалку од 10 секунди, вели тој. Заглавен под урнатините, го извадил својот мобилен за да сними проштална порака.

„Мислам дека ова е последното видео што ќе ви го снимам. Смртта, пријатели мои, доаѓа во моментот кога човек воопшто не ја очекува“, вели Таха Ердем.

Меѓутоа, за среќа Таха беше спасен по два часа и веднаш пренесен во болница. 10 часа подоцна сите членови на неговото семејство исто така беа извлечени од под урнатините благодарение на спасувачките екипи.

„Во тој момент, целиот свет беше мој. Немам ништо друго освен моите деца… “, вели мајка му Зелиха.

Екипите за пребарување и спасување извлекоа преживеани од под бетонските остатоци од срушените згради во областа Антакија на 12-тиот ден по земјотресот. Силните потреси погодија 11 провинции во Турција, каде живеат повеќе од 13 милиони луѓе.

Досега земјотресот во Турција однесе над 39.000 животи, а во Сирија бројката на жртвите се искачи на 3.688.