Спектакуларен феномен на небото над Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Европа и другите делови на северната хемисфера уживаа во делумно затемнување на Сонцето во саботата .

Затемнување на Сонцето се случува кога Месечината поминува пред тнего и ја блокира нејзината светлина. Станува збор за посебен астрономски настан за кој мора да се усогласат позициите на Сонцето, Месечината и Земјата, пишува во саботата Би-Би-Си.

Делумното затемнување, како што се гледа денеска, се однесува на феноменот кога се „крие“ само дел од Сонцето. Иако затемнувањето беше само делумно, експертите ги предупредија Европејците сепак да го набљудуваат со претпазливост – германската метеоролошка служба посебно предупреди да не се набљудува со двоглед или телескоп и советуваше да носат специјални очила.